Дом на АРМ: Во вторник новогодишен Концерт на Мандолинскиот оркестар „Скопје“

Мандолинскиот оркестар “Скопје“ традиционално и оваа година ќе го одржи својот новогодишен концерт под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри.
На овој концерт ќе се приклучат и мандолинците од ОУ “Ј.Х.Песталоци“ со нивната наставничка Татјана Таневска. Со ова „Скопје“ сака да даде поддршка за продолжување на мандолинската традиција во нашата земја, враќање на мандолината во основните училишта, да ги поттикнат и мотивираат најмладите да го засакаат мандолинското музицирање и да инвестираат во нивната иднина. Покрај тоа со нив ќе бидат и младите членови на гудачкиот камерен оркестар „АРКО“. Како солисти ќе настапат Лазар Сандев на мандолина и Јаков Ангелов на виолина.
Како и секоја година програмата ќе го има својот богат и интересен колорит.
Влезот е слободен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …