ДЛУМ „Годишна изложба“ 2022

Друштвото на ликовни уметници на Македонија под покровителство на Министерството за култура на Р.С.Македонија, во Национална Галерија на Р.С.М објект Мала станица на 18 октомври со почеток во 20 часот ќе ја отвори „ГОДИШНАТА ИЗЛОЖБА“

Несомнено дека годишните или ревијалните изложби на македонските ликовни уметници отсекогаш претставува голем културен настан во нашата средина. Затоа тие изложби се значајна состојка од летописот на нашата ликовна уметност. Еден аргумент е непобитен: дека нема македонски ликовен уметник кој не учествувал на тие ревијални изложби, почнувајќи од првата таква изложба во далечната 1945 година, па се до денес. Друштвото за да ја задоволи желбата на сите членови еднаш годишно да ги изложат своите дела на заеднички настап, без критериумот на селективност ја организира оваа ревијална изложба. Впрочем, на тој начин се враќа една убава пракса, кога секој уметник, член на ДЛУМ всушност станува арбитар за себеси, а истовремено ја превзема и целата одговорност и ризик на излагањето.
Оваа година на Годишната изложба учество земаа 55 автори, членови на ДЛУМ кој се претставија во категориите сликарство, скулптура, графика и нови медиуми.


Како и во минатото така и оваа година Друштвото на ликовни уметници на Македонија на отварањето на изложбата ќе додели неколку нагарди и тоа награда за сликарство, за скулптура, за графика и за нови медиуми

Изложбата е финасирана од Министерство за култура на Р. С. Македонија и се организира во соработка со Национална Галерија на Р. С. Македонија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …