(ФОТО) Кејт Хадсон кренала прашина на црвениот тепих со своето сензуално издание

Фустанот има многу длабоко деколте…
Вчера на Лондонскиот филмски фестивал премиерно беше прикажан филмот „Стаклена арка“, продолжението на „Нож во грбот“ на Ријан Џонсон, кој ги собра големите имиња на холивудскиот филм.
Одличниот тим го предводи британскиот актер Даниел Крег, а друштво пред камерите му беа Кејт Хадсон, Едвард Нортон, Џенел Моне, Дејв Батиста…
Со црвениот тепих дефинитивно „владееше“ Кејт, која се одлучи за ризичен фустан на модната куќа Сен Лоран. Фустанот со тенки прерамки се прекрстува одзади и е така исечен што малку ѝ остава на имагинацијата во горниот дел од телото.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Собор на Светите Седумдесет aпостоли

Собор на Светите Седумдесет aпостоли Освен Дванаесеттемина големи апостоли Господ избра уште седумдесетмина други, помали …