(ВИДЕО) САМ ЈА ИЗГРАДИЛ КАРИЕРАТА – Енрике Иглесијас се откажал од 100. милиони евра од наследството на неговиот татко

Познатиот пејач и еден од најголемите латино заводници Енрике Иглесијас нема баш најдобри односи со својот татко, пејачот Хулио Иглесијас, а заладените односи дојдоа до израз откако пејачот решил да се откаже од своето големо наследство.
Енрике го одбил наследството на неговиот татко Хулио поради нивното отуѓување и јазот што владее меѓу нив со години.
Иако се татко и син, и двајцата важат за едни од најголемите уметници во светот, реалноста е дека напорот да се поврзат биле залудни. Долги години немаат добра комуникација, а и двајцата тргнале по својот пат.
Вистинските причини за ваквата врска меѓу таткото и синот не се разјаснети, но многумина тврдат дека проблемот лежи во големата професионална конкуренција која премногу ги оддалечила.


Енрике дал до знаење дека не му треба наследството на татко му, бидејќи заедно со сопругата Ана Курникова изградиле своја империја, без помош од родителите.
„Неговиот однос со татко му никогаш не бил меѓу најдобрите. Минуваат години без да зборуваат, дури ни на телефон. Енрике смета дека ја изградил својата кариера без негова помош”, изјавил извор близок до семејството за El Nacional..
Инаку, богатството на Хулио Иглесијас се проценува на повеќе од 800 милиони евра, а тоа освен пејачкиот успех се гледа и во неговиот претприемачки аспект.

View this post on Instagram

A post shared by Enrique Iglesias (@enriqueiglesias)



Хулио многу инвестирал во Пунта Кана недвижности во Доминиканската Република, поседувајќи една третина од недвижностите и бизнисите во областа, вклучувајќи го и градскиот аеродром. Тој поседува луксузен имот во Марбела со повеќе од 230 хектари земја, неколку палати во Мајами, остров на Бахамите, приватен авион вреден 45. милиони долари, ланец ресторани, бренд на вотка, винарска визба од повеќе од 30. милиони евра, луксузни автомобили, меѓу кои се издвојуваат два сини Ролс Ројс, па дури и акции во компанија за козметика и шминка.

Неговото наследство е навистина импресивно, а оваа одлука на Енрике секако не била лесна.
Хулио, кој на крајот на септември го прослави својот 79-ти роденден, има осум деца од два брака, а Енрике требало да добие 100 милиони евра, колку што сега се проценува неговото богатство кое сам го создал.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …