Дискусија: Кој ја однесе шегата? За хуморот во контекст на политичката коректност

Во понеделник, на 11 декември 2023 година, во градската библиотека Браќа Миладиновци во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи четвртата дискусија на Форумот за интердискурзивен дијалог „Philosophia Christiana“ која ќе има за цел да го отвори прашањето за хуморот во контекст на минатите и современите културни дебати. При тоа, ќе се осврнеме на редица прашања, меѓу кои и следните: Што воопшто претставува хуморот? Што може да се смета за добар, а што за лош хумор? Што кога хуморот за некого е навредлив? Дали хуморот може да се ограничи, односно во одредени случаи и околности да се забрани? Дали хуморот му е согласен или му е спротивен на христијанскиот начин на живеење? Дали хуморот на Монти Пајтон сѐ уште соблазнува некого? Дали сите сме Шарли?

Говорник ќе биде проф. Ненад Марковиќ од Правниот факултет, а соговорници ќе бидат проф. д-р Владимир Петрушевски од Природно-математичкиот факултет и доц. д-р Бобан Карапејовски од Филолошкиот факултет.


Настанот е од отворен карактер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

Метео прогноза на Славчо Попоски Почитувани наши, топлиот бран кој особено од викендот ќе ја …