Дискусија – христијанство и идеологија

Денес, во Градската Библиотека “Браќа Миладиновци” во Скопје, со почеток во 19:00 часот, во организација на Христијански Философски Форум, ќе се одржи дискусија со темата за взаемниот однос меѓу христијанството и идеологијата. Ова е втората дискусија од годинашниот Форум за интердискурзивен дијалог “Philosophia Christiana”.

Во своето изложување, првиот дискутант Никола Галевски ќе се осврне на следните прашања: Дали верата сама по себе подразбира и идеолошки систем, или, пак, може да се користи како средство во критиката на идеологијата? Каков е односот на христијанската вера кон левицата и десницата, кон либерализмот и конзервативизмот? На партикуларно ниво, може ли да се зборува за односот меѓу религијата и конкретни теми и движења кои се актуелни денес, а кои се асоцираат со различни идеолошки наративи и светогледи?


Респондент во дискусијата е Мариглен Демири.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната писателка Кристина Николовска

Кристина Николовска е родена на 17 мај 1969 година во Скопје. Таа е македонски поет, …