Дискусија – Чуму анархизам? Анархистичкиот пристап кон политичката философија и теологија

Во среда, 22 ноември 2023 година, во Културно информативниот центар во Скопје, со почеток од 19:00 часот, ќе се одржи дискусија на тема Чуму анархизам? Анархистичкиот пристап кон политичката философија и теологија.

Термините „анархизам“ и „анархија“ се користат во јавниот дискурс најчесто на негативен начин, како синоними за хаос и неред. Низ својата историја, анархистичките политички философии биле дискредитирани како од либералните, така и од државно-комунистичките, на пр. болшевички позиции. Па сепак, во времето на „кризата на демократијата“ и растот на политичките тензии, се чини дека е неопходно повторно да се актуелизираат еманципаторските философии кои биле потиснати под притисокот на доминантните (либерални или автократски) општествени парадигми. Врз база на искуството на левичарските идеи и практики, терминот „анархизам“ ќе се користи во оваа дискусија за да означи првенствено еден метод.


Во своето изложување, Давор Џалто ќе посвети внимание на импликациите од примената на методот на анархизмот во сферата на општествено-политичката философија и конкретното дејствување, како и во контекст на политичката теологија. Притоа, ќе тој ќе ја аргументира тезата за важноста на анархизмот за православната политичка теологија и можноста за артикулирање на една православна „анархистичка теологија“. Респондентот во дискусијата е Ристо Солунчев.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Дни, години“ од Димитар Башевски

Денес, со почеток во 12:00 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, ќе се …