НАЈГЛЕДАНИОТ МАКЕДОНСКИ ФИЛМ ЈА ЗАПОЧНУВА СВОЈАТА КИНО ДИСТРИБУЦИЈА ВО СРБИЈА И ЦРНА ГОРА

Домашниот независен филм Te Dua, Жими Мене во режија на Марјан Гавриловски ја имаше својата премиера во Синеплекс, Скопје на 22 септември и за бргу ги освои симпатиите на публиката и се здоби со титулата најгледан Македонски филм. Комедијата паралелно ја имаше и својата кино дистрибуција низ останатите градови во Македонија каде што се бараше карта повеќе, а во Свети Никола, Струмица, Богданци и Охрид се организираа и дополнителни проекции по барање на гледачите.

Te Dua, Жими Мене на затворањето на „Tirana European Youth Film Festival 2023“, се закити со престижната награда од публика. Филмот беше едногласно одбран како најдобар од девет филмови во официјалната интернационална програма. На фестивалот SoundScreen во Равена, Италија беше прогласен за најдобар долгометражен филм, со образложување од жирито дека наградата е доделена за слободата на изразување и способноста да се изградат ликови кои низ филмскиот ритам постојано ја враќаат свежината на приказната.


По освојувањето на домашната публика, Te Dua, Жими Мене ја започнува својата кино дистрибуција во Србија и Црна Гора во Декември оваа година.

Во филмот се појавуваат низа истакнати актерски имиња, како Игор Џамбазов, Тони Михајловски, Владо Јовановски, Сенко Велинов, Мими Таневска, а главните ликови ги играат Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Валентин Видовиќ и Ангела Стојановска.


Филмот се уште е на редовен репертоар во Синеплекс Скопје, а од 20.11 до 26.11 може да се погледне како дел од Ревијата на Македонски филмови по цена од 150 денари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање – на денешен ден во 2018 година не напушти актерката Љупка Арсова-Џундева

Љупка Арсова-Џундева била родена на 11 јули 1934 во Скопје. Истакната македонска театарска, филмска и …