Џастин Бибер и Селена Гомез и’ официјално се заедно

Три години откако раскинале, Селена Гомез и Џастин Бибер на својата врска и дале втора шанса…
Извор за Us Weekly потврдил дека двојката е повторно заедно, а веста ја пренеле и другите светски таблоиди.
„Селена и Џастин се заедно. Врската на Селена со The Weeknd едноставно се издува и спогодбено се разделиле. Немало никаква драма и Џастин не е причината. Но, Селена секогаш имала чувства кон него. Нејзините пријатели само сакаат таа да биде внимателна“ рекол изворот.
Бибер и Селена почнале интензивно да се гледаат пред една недела, пред да биде објавено дека таа ја прекинала врската со The Weeknd. Извори тогаш раскажале дека двојката почнала повторно да комуницира бргу откако Селена била на трнсплантација на бубрег пред неколку месеци.


Да потсетиме, Бибер и Селена биле заедно од 2011. д 2014. година. Пејачот во меѓувреме се забавувал со разни убавици вклучувајќи ги и Софија Ричи, Паола Паоли и Хејли Болдвин, а го поврзувале и со Кортни Кардашијан.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …