(ФОТО) Британски сценарист кралицата ја нарекол селанка, а членовите на семејството паразити

Творецот на најскапата ТВ-продукција досега на „Нетфликс“ за шесте децении владеење на актуелната британската кралица Елизабета Втора, Питер Морган, во интервјуто за Sunday Times изнел грди работи за актуелната британска кралица Елизабета II.,иако токму таа му била инспирација за многу сценарија…
Во интервјуто за Sunday Times творецот на најскапата телевизиска продукција на „Нетфликс’, серијата „Круна“, Питер Морган, актелната британска кралица ја нарекол жена со „ограничена интелигенција“, додавајќи дека кралското семејство е „една нарушена институција“.
Во таа пригода признал и дека не би поверувал ако некој порано му кажал дека еден ден ќе пишува сценарио за серија за Елизабета II.
„Не би ми паднало на памет дека може уште било што да се каже за таа селанка со ограничена интелигенција, која многу повеќе би сакала да се грижи за своите кучиња и одгледувањето на коњите отколку да ја извршува должноста на монарх“ – рекол Морган и ги шокирал сите.
Инаку, Морган,го опишуваат како загрижен републиканец, кој бил импресиониран од способноста на кралицата да опстане без оглед на „катастрофалните грешки“, за разлика од парламентарните застапници кои погрешните одлуки ги чинеле кариера.
Освен грди зборови за кралицата, Морган слично се изразил и за членовите на кралското семејство кои ги нарекол „паразити или вируси кои мутираат“.


„Погледнете само колку премиери испрати во ковчези, а таа е сеуште на тронот, ги надживеа.Станува збор за една пореметена институција и комплетно луд систем, но можеби токму тој им овозможува да одат напред“ продолжил Морган кој, иако нема убави зборови за кралицата, често работи филмови, претстави и серии инспирирани со неа.

Питер Морган приватниот живот на долговечната владетелка го открил во филмот „Кралица“ од 2006 година во режија на Стивен Фрирс, а потоа и на театарските штици на „Вест енд“. За улогата на Елизабета Втора во спомнатиот филм со Оскар беше наградена славната британска актерка Хелен Мирен.
Додека тој филм се занимавал со Елизабета во зрелата животна доба, дејството на серијата „Круна“ го следи животот на младата принцеза која се мажи за Филип Мунбатен во турбулентното време по Втората светска војна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …