Девојка на која и е дијагностициран рак на крвта споделува вообичаен симптом што го игнорирала

ТЕЈЛОР Дејвис некое време чувствувала вртоглавица, но, како што вели, тоа не го сфатила сериозно, туку го поврзала со вежбање во теретана. Имено, тогаш 20-годишната Дејвис била многу активна и вежбала речиси секој ден, па мислела дека вртоглавицата е поради исцрпеност. Меѓутоа, неколку месеци подоцна почнала да забележува некои други симптоми како кашлица, отекување на лицето, нагло слабеење и модринки кои не знаела кога се појавиле.

Како што објави британски Daily Mail, тоа ја принудило да посети лекар кој и дијагностицирал лимфом (вид на рак на крвта) и тумор на белите дробови. Набргу потоа, таа била подложена на хемотерапија, а нејзиниот рак моментално е во ремисија.
Таа за медиоумите ја раскажала својата приказна:
„Имав само 20 години и не ни помислував на фактот дека може да имам рак. Покрај тоа, спортувам од кога се сеќавам и секогаш се хранев здраво, поради што дијагнозата ме шокираше. Сега сум добро, одам на редовни контроли и толку“, изјавила Дејвис.


This image has an empty alt attribute; its file name is tejlor-dejvis-1.jpg
Според резултатите од истражувањето, на над 80.000 луѓе во САД годишно им се дијагностицира лимфом, најчестиот рак кај тинејџерите и младите. Овој тип на рак се јавува кога белите крвни зрнца во лимфниот систем почнуваат неконтролирано да се размножуваат, предизвикувајќи симптоми и во подоцнежните фази предизвикувајќи органите да се исклучуваат.
Ракот може брзо да расте и често не се дијагностицира навреме, што го отежнува лекувањето. Не е јасно зошто ракот е почест кај младите луѓе, но научниците велат дека можеби е поврзан со вирусни или бактериски инфекции кои предизвикуваат штетни мутации на клетките.

Фото: Социјални мрежи


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …