Оваа техника на спиење ја користел ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ: Применете ги овие методи за подобра креативност и продуктивност

Времето што Леонардо да Винчи го заштедил со одмор го користел за креативна работа, што довело до неверојатни резултати
Како уметник, му требало многу време за да ги развие своите идеи, а често го немал тоа време. Затоа сакал да користи што повеќе време за работа и што помалку за спиење.
Тој план значел „кршење“ на нормалниот период на ноќен одмор на неколку делови, односно неколку фази, што довело до практика на спиење неколку пати во текот на денот, но во пократки интервали.
Леонардо да Винчи спиел 15. минути на секои четири часа. Како резултат на тоа, тој спиел само час и половина на ден.
Заштеденото време за одмор почнал да го користи за креативна работа. Да Винчи рекол дека овој метод го користел долги години од својот живот и дека никогаш не се чувствувал уморен.
Бројните вежби и експерименти на оние кои го следеле примерот на Леонардо да Винчи, создале неколку варијации, кои ги пренесе сајтот „Bright Side“.
– спиење 30 минути на секои 6 часа (метод на dymaxion),
– спиење 20 минути на секои 4 часа (uberman метод),
– спиење ноќе 1,5-3 часа, а потоа три пати во текот на денот по 20 минути (everyman метод),
– спиење навечер 2 часа и еднаш попладне 20 минути (метод на Тесла)
– спиење 5 часа навечер и 1,5 часа попладне (siesta метод).
Сепак, треба да се запомни дека сечие тело е различно, а различни видови на полифазен сон можеби не се за секого.

Фото: Википедија/колаж


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …