Денес почнува 15то издание на Бош Фестивал

Денес и утре во Гевгелија ќе се одржи јубилејното 15то издание на фестивалот Бош. Со богата програма спакувана во два дена публиката ќе може да присуствува на изложби, концерти, поетски перформански, проекции на филмови и се останато што нуди овој мултимедијален фестивал. Подолу може да ја погледенете програмата на овогодинешниот Бош.

Петок, 18 август


„Простор“ – Анамарија Митриќеска Кал’чева / изложба, акрил на платно,

„Аџамиски ем зрели параидолии“ – Стефчо Стефанов / поетски перформанс,


„Трн“ – Столе Ангелов и Никола Пијанманов / проекција на документарен филм,

„Eros and Thanatos“ – Александар Спасоски / проекција на краток филм,


„ПС Бусан“ – Саша Станишиќ / проекција на краток филм,

„Blackstate“ – live + Dj сет.

Сабота, 19 август

„Вечерен муабет“ – Стефан Алиевиќ / книжевно возење,

„Излишно“ – Наташа Гелева / изложба на фотографии,

„Спознавање“ – Марија Ќорнакова / изложба на цртежи и графики,

„Aiii! art“ – Матеј Богдановски / промоција на арт-книга,

„БОШ скулптура“ – Александар Јанев / скулптура,

„Те гледам!!! …поинаку…“ – студенти од ФЛУ / изложба на фотографии,

„The Hip“ – Јане Алтипармаков / проекција на долгометражен филм,

ФИЈУК Македонија / саем на независни продукции,

„Зомбиленд“ – Горанд Дачев / изложба на стрип-табли,

„Маестро Дениќ во живо“ – Александар Дениќ / сликарски перформанс,

„Дали сте виделе мечка“ – Алиса Лаурешес / изложба на монотипии,

„Очи“ – Ице Капсаров / видеоинсталација и

PPL (Portron Portron Lopez) & Friends / live концерт

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …