Читаме џез со Џијан Емин

Овој петок 08.03 од 21:00, во Cafè Literatura (Дајмонд мол), ќе ги прославиме достигнувањата на жените низ историјата со посебна програма подготвена од нашиот се-лектор Џијан Емин.

На репертоарот се најзначајните и најпопуларните џез стандарди од историјата на џезот, нотирани и забележани во книгата која што е тестамент на оваа значајна ера од музичката историја – The Great American Songbook.


Очекуваме на оваа концертна сесија стандардниот репертоар да стане не-толку-стандарден преку аранжманските и импровизациски идеи кои ќе ни ги претстават:

Џијан Емин – вокал
Иван Иванов – тенор саксофон
Гордан Спасовски – пијано
Кирил Туфекчиевски – контрабас
Виктор Филиповски – тапани


Дел од репертоарот се: Angel Eyes, How Insensitive, A Love Supreme, A Night In Tunisia, My Favourite Things, Caravan, It Don’t Mean A Thing…

„Литература.мк“ во партнерство со радиото „Џез ФМ“ организираат низа музички настани во новото Café Literatura во „Дајмонд мол“. Под мотото „Читаме џез“ започнува новиот концепт на „Литература.мк“, чија мисија е организација на најквалитетните музички настани со врвни музички уметници, како и нови откритија, од домашната и регионалната сцена преку кои сите присутни ќе може да ја истражуваат еволуцијата и мноштвото начини на кои џезот и книгите влијаат на културата.


Љубителите на читањето и квалитетниот звук ќе имаат можност да уживаат во овој несомнено храбар концепт кој би можел да се опише преку три едноставни, но многу силни и значајни зборови: „Литература, музика, култура“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …