Честување на лауреатот на СВП за 1990 година, Хусто Хорхе Падрон,Парк на поезијата, Струга, 11 април (вторник) 2023 година, 12 часот

НУМ „Струшки вечери на поезијата“ во соработка со Амбасaдата на Кралството Шпанија организираат свечен настан Чествување на лауреатот на СВП, Хусто Хорхе Падрон. Настанот ќе се одржи во Паркот на поезијата- Струга на 11 април (вторник) 2023 година со почеток во 12 ч.

Хусто Хорхе Падрон, лауреат на Струшките вечери на поезијата за 1990 година, но и голем пријател на Струшките вечери на поезијата е роден на 1 октомври 1943 година, а почина на 11 април, 2021 година.


This image has an empty alt attribute; its file name is justo-jorge-svp.jpg

Петре Бакевски, претседател на Советот на СВП му го доделува „Златниот венец“ на шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон во присуство на Јован Стрезовски (Автор на фотографијата: Душан Ѓоргон)


Во рамки на Програмата на настанот, по официјалните обраќања ќе бидe oдржана беседа за Хусто Хорхе Падрон и неговиот придонес како пријател на Струшките вечери на поезијата од страна на нашиот истакнат универзитетски професор и поет Иван Џепароски, по која следува читање на поезијата на лауреатот. Специјални гости на настанот се членовите на најблиското семејство на лауреатот: неговата сопруга Клементина Филипова де Хорхе Падрон, и Лара де Хорхе Филипова, нивната ќерка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Спектакуларната музичка драма „Валкира“ од Рихард Вагнер во изведба на Софиската опера и балет вечерва во НОБ

Во рамките на 52-то издание на „Мајските оперски вечери“, вечерва со почеток во 18:00 часот …