Покрај тоа што го подобрува вкусот на пролетните оброци со својот специфичен вкус и арома, младиот кромид е многу здрав затоа што е богат со витамини (А, Б комплекс, Ц и К), минерали (сулфур, бакар, фосфор, калиум, магнезиум, калциум, хром и манган), полифенолите кверцетин и антиоксиданси. Исто така, има многу малку калории.
Иако може да се динста и приготвува на разни други начини, за најголеми здравствени придобивки, најдобро е да се јаде сиров млад кромид, со долгите зелени листови. Младиот кромид има особено корисен ефект врз кардиоваскуларниот и нервниот систем. Покрај тоа, оваа намирница делува како природен антибиотик и ги уништува штетните бактерии во цревата.

Сокот од млад кромид се користи во народната медицина како лек против разни инфекции на кожата. Помешан со лажичка мед помага при поблаги респираторни проблеми бидејќи го олеснува кашлањето, го ублажува тонзилитисот и засипнатоста.
Има и диуретични својства поради што се користи како природен лек за регулирање на варењето. Не се препорачува само за луѓе кои боледуваат од гастритис бидејќи го поттикнува лачењето на желудечниот сок.