– Апелирам сите да се придржуваат до правилата, полициски час е на сила, забрани има во некои делови од градот. Многу е важно сите да се придржуваме до овие неколку правила – вели Кличко
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко преку видео порака до граѓаните ја откри состојбата во градот.
Тој вели дека градот живее во воени услови, дека ситуацијата е комплицирана, но под контрола.
„Го обиколив градот, се симнав во метрото каде што луѓето со денови се кријат, разговарав со нив, ги прашав дали им треба нешто, ги охрабрив!
View this post on Instagram
Расположението во Киев е патриотско и одлучно, сите сме им благодарни на нашите војници и се гордееме со нив.
Градската власт прави се` што може целата критична инфраструктура да биде достапна за граѓаните. Го подготвуваме градот и за можни посилни напади. Апелирам сите да се придржуваат до правилата, полициски час е на сила, забрани има во некои делови од градот. Многу е важно сите да се придржуваме до овие неколку правила.
Убеден сум дека ќе го надминеме овој несекојдневен предизвик, секако еден од најголемите во историјата на оваа земја.И ќе победиме, сите заедно, слава на Украина“, рече Кличко.
Фото: Принтскрин/YouTube