Блесок пред мугри- одбележување на 115 години од раѓањето на Кочо Рацин

Утревечер, со почеток во 19:00 часот во Црвен Крст Велес – Клуб на млади, ќе се одржи настанот Блесок пред мугри-115 години Рациново наследство.

Блесок пред мугри-115 години Рациново наследство, кој ja обележува комеморацијата на 115 годишнината од раѓањето на ценетиот поет и икона на македонската културата-Кочо Рацин. Овој настан ќе биде одбележан со низа активности, кои ќе кулминираат со уникатен аудио-визуелен поетски перформанс.


Главна активност на вечерта ќе биде извонредниот аудио-визуелен поетски перформанс на реномираното дуо Aspirin Moon и ‘’Teатар сенки и облаци’’. Оваа соработка ја сoeдинува поезијата со динамични визуелни и аудитивни елементи, со што се додава модерен и креативен момент на наследството на Кочо Рацин.

Овој настан, организиран од Europe House Велес, нема да биде е само комеморација, туку и прослава на трајното влијание на Рацин врз нашата култура и литература. Настанот е отворен за сите посетители, и нуди прекрасна можност да се навлезе во светот на поетскиот опус преку различни уметнички форми.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …