Бизарни тврдења за здравствената состојба на познатиот актер: „Ослепел и останал парализиран поради вакцината“

На интернет се проширија бизарни и шокантни тврдења дека Џејми Фокс доживеал мозочен удар поради вакцината против корона вирусот, но неговиот портпарол тоа остро го демантираше.
Претставникот на холивудскиот актер Џејми Фокс ја демантираше бизарната теорија на заговор што се рашири на Интернет, според која тој тешко се разболел како резултат на вакцинацијата против Ковид-19.

Џејми (55) мистериозно се онесвести и заврши во болница додека ја снимаше акционата комедија „Back In Action“ со Камерон Дијаз, по што беше хоспитализиран во болница специјализирана за лекување на возрасни со сериозни состојби, вклучително и опоравување од мозочен удар, иако неговата дијагноза не е откриена.
Меѓутоа, сега на социјалните мрежи се проширија тврдења дека тој сериозно се разболел откако ја примил вакцината, почнувајќи од подкастерот Еј Џеј Бенц, кој во едно онлајн ток-шоу го изнесе шокантното и неосновано тврдење дека Џејми останал делумно парализиран и слеп откако ја примил вакцината.


View this post on Instagram

A post shared by Jamie Foxx (@iamjamiefoxx)


Тој тврдел дека Џејми бил принуден да ја прими вакцината за да работи на новиот филм и дека згрутчувањето на крвта довело до мозочен удар, што претставниците на Фокс го негирале и изјавиле за NBC News дека е целосно лажно.
„Изјавите на Е.Џ се засноваат на негови доверливи извори, така што не можам да шпекулирам повеќе од она што го кажа во емисијата. Искрено се надевам дека грешат и дека г-дин Фокс целосно ќе закрепне. Нема докази и причина да веруваме дека неговата здравствена состојба е директно поврзана со вакцината. Секој доказ за било што од тоа би требало да дојде од неговите лекари“, рекол Пински во емисијата што го започнала сето тоа.



Тој додал дека ги поддржува и препорачува сите безбедни вакцини, но додал дека алармантен број на животи на луѓе се значително променети поради несакани ефекти, здравствени проблеми и смрт на најблиските и дека некои знаци укажуваат на поврзаност со вакцините со mRNA .
За сè зборувала и телевизиската водителка Кендис Овенс, која пак во својот подкаст инсинуирала дека изјавата на Бенза мора да е вистинита бидејќи семејството на Фокс директно не го демантирала.
„Се чини дека нивниот молк зборува за вистинитоста на овие тврдења. Сите со нетрпение чекаме да видиме дали Џејми Фокс ќе проговори“, рекла таа.
Според последните информации, Џејми наводно имал мозочен удар, што го откри пензионираниот боксер Мајк Тајсон.
„Тој не се чувствува добро. Рекоа дека е мозочен удар, немам поим како се случило“, рекол Мајк за време на гостувањето во подкастот Valuetainment.
Здравствената состојба на актерот ги шокираше фановите и неговите блиски, а сите се уште чекаат нови информации за неговата состојба.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ТЕЈЛОР СВИФТ Е ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈБОГАТА МУЗИЧАРКА НА СВЕТОТ: Ја престигна Ријана и стана милијардерка по минатогодишната турнеја

Тејлор Свифт, според „Форбс“, се разликува од другите милијардери затоа што своето богатство не го …