Користете заштита од сончевите зраци прилагодена на потребите на вашата кожа!

Летото е на повидок. Наскоро ќе носиме маички на бретели, блузи со кратки ракави, кратки пантолони и здолништа. Телото, сакале или не, ќе биде изложено на сончевите зраци. Да се биде безбеден од сончевите зраци звучи едноставно, но повеќето луѓе не ни забележуваат дека ја облекуваат омилената маичка и излегуваат надвор во топлите денови, сосема незаштитени од сончевите зраци.
Многупати и свесно се избегнуваат кремите за сончање. За да не се извалка облеката, да не се “измасти” косата што паѓа на голите рамена, да не се има чувство на тежина од густите и мрсни креми за сончање итн.
Кога ќе дојдат летните одмори, тогаш се брза да се набави крема со заштитен фактор, без да се погледне на својствата што тој производ ги нуди за заштита на кожата. Честопати земаме една крема а ја користиме сите во семејството, и младите и старите, па понекогаш и децата.

This image has an empty alt attribute; its file name is eucerin-zastita.jpg
Дерматолозите се согласни дека состојките на кремите со заштитен фактор се исто така важни како и УВ факторот на заштита. Мрсната кожа се разликува од сувата, темниот тен се разликува од посветлиот, а особено од најсветлиот тен што не потемнува на сонце и има голема веројатност да се здобие со поголеми оштетуваања отколку кожата со темен тен.
Исто така децата имаат потенка кожа, што наметнува поголема потреба од заштита, од повисок фактор и почесто нанесеување на кремата. Престојот на сонце и на отворено да им го направиме побезбеден на децата заштитувајќи ги со ефикасна медицинска козметика. Дерматолозите ги препорачуваат производите за деца од Eucerin Sun колекцијата бидејќи истите не содржат хемиски додатоци, а обезбедуваат сигурна и долготрајна заштита од сонце. Содржат минерални филтри, кои ги рефлектираат, одбиваат УВ зраците, не дозволувајќи им да навлезат во детската кожа.


This image has an empty alt attribute; its file name is Oil-control-Dry-touch.jpg
Ако пак вашата кожа е мрсна и/или склона кон акни, формулата на Eucerin Oil Control која содржи технологија за контрола и регулација на себумот и пигментите кои апсорбираат липиди, оставајќи ја површината сува на допир и обезбедувајќи долготраен ефект против сјај.
Заштита на кожата од штетните ефекти од сонцето не мора да биде комплициран процес или да одзема многу време. Со вградување на ефикасен производ во негата на кожата од УВ заштита се заштедува време. Да дадеме предност на креми кои што лесно се впиваат и имаат формули за брза апсорпција.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАРОДНИ ВЕРУВАЊА- Престапната година има свои правила: Еве што никако не смеете да правите во текот на 2020. година!

2024. година не е далеку, и како што сигурно знаете, таа ќе биде престапна. Поради …