Бивша соработничка на Трамп за неговиот брак: „Тој некогаш и се гади на Меланија!“

Поранешната советничка на Доналд Трамп, Омароса Маниголт Њуман, тврди дека на Меланија нејзиниот сопруг„понекогаш и се гади“.
Омароса Њуман, која го познава Трамп од 2004. година, ја напишала книгата „Unhinge“ во која пишувала за Белата куќа од инсајдерска позиција.
За време на неодамнешното гостување во емисијата „Лорен денес“, таа зборувала за бракот на Трамп и Меланија.
„Тоа е многу чуден брак. Патем, јас сум многу внимателна кога зборувам за нечиј брак, затоа што никогаш не знаете што се случува зад затворени врати, но јас ги познавав двајцата уште пред да се венчаат. Од она што го видов во тие 17. години би ви се завртело во главата. Повремено се допаѓаат еден на друг, но понекогаш тој и се гади”, рекла таа.


Таа се осврнала и на моментот по последната претседателска кампања, кога Меланија за малку ќе ја истргнала својата рака од раката на Трамп. Њуман тврди дека ова јасно ги покажува нејзините вистински чувства кон него.
Воздржаното однесување на Меланија кон нејзиниот сопруг се покажало дури и по првата претседателска кампања. Тогаш таа додуша му дозволи да ја фати за рака, но додека сопругата на Бајден го гушкаше и го бакнуваше, Меланија само го допрела Трамп по рамото.


 

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …