БиБиСи добиле 100.000 жалби поради извештајот за смртта на принцот Филип

Би-Би-Си добиле 100.000 поплаки од гледачите за известувањето за смртта на војводата од Единбург.
Корпорацијата го расчистила распоредот на програмата во петокот после објавување на веста дека принцот Филип почина. во петокот, на 99-годишна возраст.
Сапунската опера „Истендерс“ и финалето на натпреварувачкото шоу „МастерШеф“ се заменети со вести, додека програмата на каналот БиБиСи 4 (кој емитува филмови, музика, документарни филмови и забавни содржини) е целосно прекината.
БиБиСи одбил да го потврди бројот на поплаки што ги добил. Деталите официјално ќе бидат објавени во четврток.
Бројките треба да бидат вклучени во двонеделниот билтен на радиодифузерот за добиените жалби.
Бројка од 100.000 приговори би го направила известувањето за смртта на принцот Филип програма со најмногу приговори примени во историјата на Би-Би-Си.


Друга содржина што привлекла големо количество пишани коментари било емитувањето на мјузиклот Џери Спрингер: Опера, кој добил 63.000 поплаки во 2005. година, и шеговитата покана на Расел Бренд до актерот Ендру Сакс, за која биле примени 42.000 поплаки во 2008. година.
БиБиСи не беше единствениот медиум кој ја прилагоди програмата кон покривањето на смртта на принцот Филип – и ИТВ и Канал 4 емитуваа дополнителни вести.
Сепак, многу гледачи се откажале од гледање телевизиски канали како одминувал денот, а прегледувањето на ITV во петокот вечерта опаднало за 60 проценти во споредба со претходната недела, според податоците снимени таа вечер.


Рејтингот на БиБиСи 1 исто така паднал за шест проценти во однос на претходната недела, додека БиБиСи 2 изгубил две третини од својата публика, со само 340.000 луѓе кои гледале во секое време од 19. до 23. часот.
Најгледаната програма на еден канал во петокот вечерта била реална програма на Канал 4 со 4,2 милиони гледачи.
Во саботата, БиБиСи на својата веб-страница објави наменски образец за да им овозможи на гледачите да достават жалба за телевизиската програма, препознавајќи го опсегот на приговорите.
Формуларот бил отстранет во неделата кога бројот на жалби започнал да опаѓа, соопштила корпорацијата.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …