САД го запираат давањето на вакцината „Џонсон и Џонсон“ поради случаи на згрутчување на крвта

Федералните здравствени агенции на САД препорачале паузирање за употреба на единечната доза на вакцината „Џонсон и Џонсон“ откако шест лица развиле ретко нарушување кое вклучува згрутчување на крвта.
Сите шест лица биле жени на возраст од 18. до 48. години. Една жена починала, а друга е хоспитализирана во Небраска и е во критична состојба, објавил „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на официјални лица.


Сепак, американскиот Центар за контрола на болести тврди дека ваквите несакани ефекти во моментов се исклучително ретки.
Заклучно со 12. април, во САД се дадени повеќе од 6,8 милиони дози на вакцината „Џонсон и Џонсон“.
Потегот на американските регулатори се случи за помалку од една недела откако европските регулатори објавија дека се врши исдтрага за ретки згрутчувања на крвта кај четири лица во САД кои примиле вакцина, пишува Ројтерс.


Извор: nova.rs

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …