БЕЛЕЖИМЕ БРОЈКИ ЗА ЗАГАДЕНОСТ А РЕАКЦИИ ОД ВЛАСТА НЕА: Утрово најзагадено кај Ректоратот!

За жал традицијата се повторува…Дојде зимата, а со тоа и енормните факти за загаденоста на воздухот во поголемиот дел од Маедонија…
И’, додека одговорните од Министерството за екологија сеуште прибираат информации и можеби и се подготвуваат за некоја конкретна акција (со која доцнат месеци и години) во Скопје и поголемиот дел од Македонија утрево не се дише, а традицинално вистинска смрдеа се чувствува во текот на цел ден. Срамно и без никаква одговорнст…А, како поинаку да е протолкува инертноста на одговорните за овие случувања – односот им е незаинтересиран – како да живеат во некоја друга средина а не во оваа во која секој ден се гушиме.
Во Скопје и поголем дел од Македонија и’ утрово не се дише. Според мерните станици, иако загаденоста на воздухот е на пониско ниво од вообичаено, сепак е многу штетно.
Утрово најзагаден е реонот кај Ректоратот, додека веднаш потоа следуваат Куманово, Ѓорче Петров, Гази Баба, Тетово и Карпош.
Кај Ректоратот утринава се измерени дури 53 µg/m3, додека во Куманово има 35 µg/m3, а во Ѓорче Петров измерени 34 µg/m3.
И што ни преостанува кога од МЕ нема никакви конкретни одговори и акции…Ниту од град Скопје кој божем најави некои електронски  автобуси но само неколку од нив не можат да го променат квалитетот на воздухот.
Се додека не бидат преземени конкретни чекори ќе продолжиме да се труеме па за жал бројот на болните по болниците ќе се зголемува…како и смртните случаи…
Времето за политика е одамна свршено, време е за конкретни акции!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОБЈАВЕНА ПРОГРАМАТА НА ЧЕТВРТИОТ СКОПСКИ ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ

Четвртото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи периодот 29 мај до 1 јуни …