Aнгелина му предложила на Бред Пит договор за старателство

Ангелина Џоли и Бред Пит го откажале судското рочиште за старателство над нивните деца, а според американските медиуми, актерката и актерот се на пат да се договорат.

Според пријателите на Ангелина, Џоли решила да попушти и на пријтелски начин да го прекине бракот со Бред Пит.
„И’ двајцата сакаат да се договорат за заедничко старателство врз децата, и не сакаат да продолжат со судска борба”, изјавиле пријатели на Ангелина и Бред.
Неодамна, Џоли го обвинила Пит дека не плаќа соодветна алиментација, меѓутоа, адвокатите на Бред наведуваат дека нивниот клиент дал пари, дури девет милиони евра.
Да потсетиме, познатиот актерски пар, кој е во процес на развод, има шест деца, ќерките Захара, Шајло и Вивијан, и синови Медокс, Пакс и Нокс.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …