(ФОТО) Лејди Дијана: Принцеза чии желби се игнорирани и после смртта – дури и’ од нејзиното семејство!

Своите последни желби Дијана ги составила во тестамент и ги потпишала четири години пред нејзината смрт, но нешто изменила неколку месеци по разводот
Дијана Спенсер најверојатно мислела дека со бракот со принцот Чарлс (69) ќе започне живот како од бајките достоен за принцеза, но нејзината реалност од почетокот на бракот и влегувањето во британското кралско семејство била повеќе трагична отколку како од бајка.


Подеднакво е трагично на последниот ден од август 1997. година кога завршил животот на обожаваната принцеза; Дијана Спенсер почина во сообраќајна несреќа на возраст од 36. години.
Бидејќи јавноста ја обожаваше од почеток, а таа го обожавала принцот Чарлс, се чинело дека сите желби и се исполнети. Но, за жал, принцот не ја обожавал, и од почетокот на нејзиниот брак, животот на принцезата и во кралското семејство и паѓал многу тешко.


После раѓањето на синовите, принцот Вилијам (35) и принцот Хари (33), принцезата Дијана,принцот Чарлс, со своето однесување и отворен интерес кон други жени, а особено неговата сегашна сопруга, Камила Паркер, (71) се’ повеќе ја оддлечувал од себе.
Така, во август 1996. година, млади кралски пар конечно ја завршил фарсата од брак. И токму кога се чинело дека Дијана може да почне со животот што го сакаше, само една година по разводот, таа го почина во сообраќајна несреќа.


Нејзините животни желби во голема мера биле неисполнети, и како што подоцна се дознало, истото било и со желбите што останале, во нејзиниот тестамент, по нејзината смрт.
И иако многумина виновници ќе бараат во кралското семејство, нејзиното семејство е виновно за непочитување на нејзината волја.

Своите последни желби Дијана ги составила во тестамент и ги потпишала четири години пред нејзината смрт, но нешто изменила неколку месеци по разводот. Според последната верзија, принцезата сакала 75 проценти од нејзиниот накит и имот да се поделат помеѓу нејзините синови Вилијам и Хари, а преостанатите 25 проценти да се наменат за 17 кумчиња. На својот батлер, за кого по нејзината смрт се дознало колку биле блиски, му наменила 50.000 фунти.

Така, според нејзина желба, грижата за остатокот од имотот, во вредност од сегашните 31,5 милиони фунти, принцовите Вилијам и Хари требало да ги преземат од 25.годишна возраст.
Дијана задачата да го распределат нејзиното наследство, во согласност со нејзините желби, им ја оставила на нејзината мајка и сестра, кои таа во тестментот ги опишала како “извршители на нејзината последна волја”. Но, дури и’ тие не ја оправдале нејзината доверба.

Имено, по смртта на Дијана во 1997. година, нејзината мајка и сестра во декември се избориле со “судска одлука” што им дозволила да го дистрибуираат наследството на Дајан на поинаков начин од оној што бил назначен во тестаментот. Според нивните промени, грижата на принцовите за имотот на Дијана им припаѓа само со возраст од 30. години, иако приходот почнале да го примаат на возраст од 25. години.
Поголема промена е направена од другите 25 проценти од накитот и имотот на принцезата, што требало да се подели меѓу оние на кои Дијана им била кума. Наместо тоа, секое нејзино кумче добило спомен на кумата, и тоа по избор на извршителот на тестаментот.

Принцот Хари, го презеде својот дел од наследството на покојната мајка две години по неговиот брат, а 150 предмети во сопственост на принцезата Дијана патувале низ целиот свет 17. години, од нејзината смрт до тогаш. Накитот го пропатувал светот како дел од изложбата чиј автор бил на братот на Дајана, Ерл Спенсер.
Благодарение на нејзиното наследство, преку разни приеми и придружни содржини на изложбата биле собрани повеќе од два милиони долари. Семејството на Дијана тврди дека овие средства завршиле во добротворни фондови основани во спомен на неа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …