А1 Game Fest 2020 и оваа година ги надмина очекувањата

A1 Македонија, организаторот наА1 Game Fest 2020, најголемиоте-спорт и гејминг настан во земјава,во соработка со GG.MK и оваа година понуди вистинска забава за сите гејмери,трет пат по ред, на фестивалот кој ги надмина очекувањата на учесниците и публиката.

На годинашното онлајн издание,учесниците се натпреваруваа во 4 игри – Tekken 7, FIFA21, League of Legends и Fortnite и косплеј натпревар.Возбудливите финални натпревари завршија со победи на тимот Reborn eSportво League of Legends, тимот Rage Quitters во Fortnite, ИгорТодоровски во FIFA21, Симеон Двојаков – Spades во Tekken 7, и СараТрајкоска со маската Pyramid head од Silent Hill во Косплеј натпреварот.


Финалето се одржа во специјално адаптиран простор според сите препорачани протоколи и стандарди за COVID-19 со што беа обезбедени максимални услови за заштита и превенција на учесниците.


Натпреварите се одвиваа преку гига битни линкови обезбедени од страна на А1 Македонија. Оптичкиот интернет покажа супериорен квалитет и стабилност со брзина од скоро 1 гига, неопходен за ултимативно гејмерско искуство.


Натпреварите беа проследени со коментатори за секоја игра посебно, стримани во живо на сервисот на GG.МК, a пренесени преку оптичката мрежа на А1 Македонија. Преносот во живо понуди забава за над 15 илјади гледачи и го прави A1 Game Fest 2020 најпосетениот фест досега, но и еден од најпосетуваните стримови во земјата.

Покрај награден фонд за победниците, и најсреќните од онлајн публиката добија бројни гејминг уреди.

А1 Македонија останува посветена на најновите трендови на светската телекомуникациска сцена која го инкорпорира гејмингот како дел од поп културата и на е-спорт и гејминг заедницата во земјата која незапирливо расте. А1 Game Fest останува на мапата на активности на компанијата во знак на негување на оваа култура, нејзина поддршка и унапредување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Второто и уште поголемо издание на HR.Weekend: Интердисциплинарни теми и најголемите експерти наесен во Ровињ

Второто издание на исклучително успешниот HR.Weekend ќе се одржи и оваа година во рамките на …