(ВИДЕО+ФОТО) Ново видео и песна од македонското трио BDM

Македонското продуцентско трио BDM денес го промовира шестиот сингл, песната Stay, која е во соработка со Yova. Ова е нивни втор заеднички проект, откако во летото 2018 година ја направија песната Lee. Покрај македонската, песната Stay ќе има и светска помоција и тоа на најголемите музички платформи, Amazon, SpotifyDeezer, iTunes и други.


„Среќни сме што повторно ни гостува Yova со нејзиниот уникатен сензибилитет и глас што ја носи песната на друго ниво. Овој сингл ни е посебно драг, не само затоа што е сосема поразличен од останатите наши синглови, туку и затоа што најемотивната песна што досега сме ја направиле“, велат момците од BDM, триото зад кое стојат Бранко и Дуле Вељановски и Мартин Делимитов.


Истовремено, тие го промовираат и спотот, кој во црно-бела техника целосно го изработи Виктор Стоимиров, а главната улога ја има Христина Јанеска.


Од BDM најавија дека на почетокот на 2021 година ќе излезе и ремиксот за Stay, а го работат со холандскиот продуцнет Маrco.

Овој синлг ќе се издава премиерно и во Холандија. Нестрпливи сме и едвај чекаме да го издадеме и ремиксот”, додаваат момците од BDM.

Новата песна, како и претходните, е испеана на англиски јазик и е во издание на Paragon Record Label. Музикатааранжманот и текстот ги направија BDM. Синглот  ќе се најде на албумот State of Mind на кој момците работат во моментов.

За Paragon Record Label

Paragon Record Label е независна издавачка куќа, која комбинира љубов кон музиката и страст за квалитет во музичкиот бизнис. Посветени се на долгорочен развој на нови артисти, бендови и диџеи. Нивната мисија е да им обезбедат на своите соработници шанса да бидат слушнати на сите музички онлајн платформи за да можат полесно да се промовираат, не само во Македонија, туку и на глобално ниво. Сите артисти што имаат договори со Paragon Record Label можат да бидат слушнати во светот преку најдобрите платформи за музички стриминг како што се iTunes, Spotify, Google Play, Apple Music, Deezer, Neurotic, Pandora, Shazam + 150 други платформи.

Paragon Record Label има свое музичко студио за снимање со целосен спектар на музика, специјализирано за продукција, миксање, мастеринг, изведување, заштитување на авторски материјал, маркетинг, менаџмент и сите останати услуги коишто можат да бидат понудени од музички издавачки куќи.

„Врз основа на искуството во музичката индустрија и бизнисот, а со цел да им помогнеме на брилијантни уметници да го достигнат својот целосен потенцијал, членовите на нашиот рекорд лејбл, со кои неодамна работевме, продолживме да ги остваруваме зацртаните идеи, да обезбедиме нивната музика да биде слушната на радијата, а работиме со текстописци и автори на музика од регионот и од целиот свет. А тоа е бидејќи нашата музика е достапна и може да се слуша низ целиот свет. Наша мисија е да обезбедиме свежи идеи, можности и искуства за уметниците, следејќи ги современите трендови во музичката индустрија”, велат од Paragon Record Label.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …