(ФОТО) Надежта последна умира: Шенон Доерти, решена да се бори до крај, верува дека „чудотворниот“ лек ќе ја излекува!

Актерката ја зграпчува последната „сламка“ на надежта во нејзината желба да ја победи злобната болест.
Поранешната sвезда на хит серијата „Беверли Хилс“ од 90-тите, Шенон Доерти, пред неколку месеци ги откри лошите вести, дека и се вратил ракот на дојка, и тоа во уште посилна, четврта фаза. Светските медиуми објавија дека Шенон се помирила со фактот дека овој пат нема да може да ја надмине оваа малигна болест и дека се подготвува за смрт. Сепак, магазинот National Enquirer им дал малку надеж на обожавателите на оваа актерка во својот нов напис, во кој таа тврди дека Шенон не се помирила со смртта, но очајно се обидувала да најде алтернативен, „чудотворен“ лек што ќе и го спаси животот.

Извор близок на актерката открил дека Шенон се свртела кон алтернативната медицина, особено кинеската. Иако не се откажувала од традиционалните западни методи на лекување, смртоносната болест што го уништи нејзиното тело ја натерало да се реши од природата да најде „чудотворен“ растителен лек што може да ја спаси, бидејќи хемотерапијата не и помагала.


„Посетува голем број специјалисти од областа на алтернативната медицина, додека сè уште има сила во нејзиното тело. Оди на акупунктура и пие мешавини од разни необични и лековити растенија, кои наводно го забавуваат растот и ширењето на клетките на ракот”, изјавил извор близок на актерката.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by ShannenDoherty (@theshando)


Foto: Instagram Printscreen / Theshando

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …