Канадските лекари пријавиле случај во кој имплантантот за дојка и го спасил животот на една жена. Инцидентот се случил во Онтарио а оружјето и лицето кое пукало не се пронајдено досега.
30-годишната девојка била во ноќна забава кога одеднаш почувствувала остра болка и силна топлина во левата дојка. Погледнала и открила дека крвари и отишла во локална болница.
Лекарите откриле влезна рана во горниот дел на левата дојка што укажувало на прострелна рана од близина. Притоа, куршумот скршил и едно ребро и застанал под десната дојка откако поминал низ вториот имплант.
И двата импланти биле отстранети, како и куршумот, пренесува Russia Today.
Дополнително била извршена реконструкција на траекторијата на куршумите, а медицинскиот тим заклучил дека би завршил во срцето на жената, доколку не бил левиот имплант што го пренасочил.