(ФОТО) НЕЗАБОРАВНА РОМАНСА: Популарниот глумец во новата книга ја опишал романсата со Ангелина Џоли!

Вал Килмер проговорил за врската со Ангелина Џоли…
„Таа ме спаси, ме спаси од пекол на ледена осаменост“, рекол тој.
Ѕвездата на „Топ Ган“ и „Вруќина“, Вал Килмер (60) во новата книга „I’m Your Huckleberry” ја открил љубовната врска со својата колешка Ангелина Џоли (44). Тие се запознале на сетот на драмата „Александар Велики“ во 2004. година, а станале двојка дури после премиерата на филмот.


„Таа ме спаси, ме спаси од инферна ледена осаменост… Ме спаси ангел, најголемиот од сите нив – ме спаси Ангелина … Кога луѓето ме прашуваат каква е таа, секогаш им кажувам дека е како другите жени и другите sвезди, но многу повеќе. .. Ангелина е уште поубава, дури и помудра, дури и потрагична, дури и повеќе волшебна … Потприземјена од другите … Дали вредеше тоа? Да! Секогаш вреди да бидете со луѓе за кои не ви треба цела седмица труд за воопшто да почнете да ги разбирате“, напишал Вал во своите мемоари, пренесува The Mirror.



Но, нивната романса не траела долго. Набргу потоа, Џоли започна да го снима филмот „Г-дин и г-ѓа Смит“,а на сетот се заљуби во колегата Бред Пит, која поради неа ја остави тогашната сопруга Џенифер Анистон.
И самиот Килмер неодамна се пожали дека со години води самечки живот.
„Јас немав сериозна девојка најмалку дваесет години. Заборавив како е кога маж е во врска“, рекол тој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …