(ФОТО) Каде се и што прават денес ѕвездите на серијата „Сулејман Величествениот“?

Популарната турска драмска серија „Сулејман Величествениот“ се здоби со голема популарност и кај нас. Драмата го следеше животот на султанот Сулејман, кој во 46. години владеење ја изградил Османлиската Империја поголема од онаа на Александар Велики. Ликовите во серијалот се опишани како комплексни а некои од нив ги „освоија“ срцата на обожавателите на серијата.
Каде се денес ѕвездите на серијата и што прават?
Турската актерска ѕвезда Халит Ергенџ, во регионот и пошироко, е познат по улогата на турскиот султан Сулејман Величествениот во истоимената серија.


Халит го поминува време со семејството, убавата сопруга Бергузар Корел и синот Али, а тие неодамна го добија и вториот син, Хан. Би сакале да ве потсетиме, дека брачната двојка публиката во Македонија ја освои и со серијалот „1001 ноќ“, каде ги отелотворија улогите на Шехерзада и Онур, а после тоа имавме можност да ги гледаме и во „Ранетата љубов“.


Омилената Хурем од „Сулејман Величествениот“, Германка со турско потекло, Мерием Узерли, за оваа улога од родниот Берлин дошла во Турција. Улогата ја прослави низ цела Европа, историската серија се гледаше во 22.земји, а Хурем беше еден од најпрепознатливите ликови.

Надвор од рефлекторите на филмските студии и гламурот што се врзува со нејзината професија, убавата Мерием Узерли живее обичен живот. Често патува, излегува и се дружи, шета по романтичниот Берлин, каде инаку живее и се обидува да го помине секој момент во друштво на својата ќерка Лара. И’ покрај славата што ја стекна, Мерием Узерли покажува колку е обична и нормална млада жена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …