Љубов во време на пандемија: Се венчале за да „ја измамат“ короната!

Пензионери од Флорида, Џенин и Дон Сандин, кои имаат по 91. година,овие денови стапиле во брак затоа што сакале да ја потврдат љубовта среде пандемијата на коронавирус.
„Имаме едноставна врска, имаме исти приказни. Живеевме во исто време, поради што решивме да го направиме овој голем чекор пред неколку недели“, изјавила Џенин за локалниот „Тампа Беј Тајмс“.
„Поради околностите што се случуваат во општеството, сметавме дека е потребно да ја официјализираме врската за да бидеме заштитени“, додала
Прстените ги купиле преку Интернет, а свадбената забава ја организирале во дворот на нивниот пастор на плажа во Сент Петербург.
Списокот на гости бил мал, но најавите и поканите биле испратени на повеќе од 200 адреси, со нивниот заеднички хит од мјузиклот од 1956. година – „Take Me in Time to the Altar“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 13.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Солиден почеток на работната недела им претстои на Овните, па се очекува да …