ТДМ и МРТ секоја недела на пладне ќе емитуваат претстави за најмладите

Н.У. Театар за деца и младинци во соработка со МРТВ, секоја недела од 12. часот ќе прикажува дел од претставите на репертоарот за најмладите.
„На овој начин сакаме да придонесеме во дружeњето со нашата верна публика, додека седиме дома, а воедно да го означиме нашиот 30 -ти јубилеен роденден (25 март 2020)“, се вели во соопштението од ТДМ.
Секоја недела од 12 часот на МРТВ, гледајте дел од претставите на ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ.
Проектот ќе започне во недела на пладне (12.00) на на МРТВ со емитување на претставата „Убавицата и ѕверот”.
За натамошниот распоред на претставите ќе информираме дополнително.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …