Синот на Синди Крафорд и Ренди Гербер, Пресли, според извештаите на странските медиуми, одбивал да се справи со психолошките проблеми што го мачат веќе некое време, вклучително и целото негово семејство. 20.годишникот неодамна на лицето истетовирал „несфатен“, а таа тетоважа брзо му ја донела титулата најекстремна од сè што тој досега направил.
Исто така, тој целиот процес го објавил на својот Инстаграм профил со порака.
Сепак, не застанал тука.
Гласините за тешкиот период во семејството на поранешниот супермодел почнале да се шират бидејќи тој само неколку дена подоцна објавил снимки од кои пука од огнено оружје со зборовите – малечкиот и невин јас, пред сите ужасните тетоважи.
„Ништо не знаете“, додал тој во клипот.