Починала Неда Арнериќ: Делфина си замина во 67. година!

Прославената актерка Неда Арнериќ почина на 67-годишна возраст…
Според информациите во српските медиуми, таа била пронајдена мртва во нејзиниот стан.
Полицијата и персоналот на брзата помош се на лице место.
Неда Арнериќ е родена на 15. јули 1953. година во Књажевац и имаше богата актерска кариера.
Актерката има одиграно голем број значајни улоги на филм, серија и театар. Таа влезе во светот на актерството многу рано, а многумина ќе бидат изненадени кога ќе дознаат дека нема дипломирано на Факултет за драмски уметности.


На 16-годишна возраст, Неда се запиша во Академијата за театар, филм, радио и телевизија, но не ја заврши Академијата затоа што законот им забранувал на студентите од прва и втора година да снимаат филмови и играат во претстави, а Неда имала бројни понуди што не можела да ги одбие.
Во својата долга кариера, Неда Арнериќ има повеќе од 110 филмски и телевизиски улоги и 40 претстави.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вело Родео денес во Градскиот Парк во Скопје

Денес со почеток во 10:00 часот во Градскиот парк – Школка во Скопје, ќе се …