Четвртокот ни донесе многу возбудувања и позитивни емоции – конечно после 6. години Македонија е повторно во ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ на Евросонг. Тамара и нејзината „Proud“ измамија воздишки ширум Европа и го донесоа пласманот во финалето – место за кое сонувавме при секое учество на „Евросонгот…
Но, мораме да бидеме искрени и да признаеме дека Тамара донесе невидена интерпретација – сета љубов и енергија од себе ги преточи на сцената која пак ги пренесе до милионскиот аудиториум и и’ овозможи уште еднаш да ја испее „Proud“ во ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ.
Но, мораме да признаеме дека имаме причина за уште една гордост:
Организаторите и дадоа многу комплименти на Тамара за извонредната интерпретација на „Proud“…што го забележаа на Инстаграм…
Стајлингот на Тамара ќе биде ист како и во четвртокот а нашето лаичко око само ќе признае дека одлично и стои, а таа достоинствено ја носи креацијата која ја истакнува и нејзината разиграност но и сериозност…
Но, она што е најважно е дека жирито од 41. земја го заврши гласањето. Синоќа, после генералната проба беа соопштени гласовите од жири комисиите во сите земји учеснички и сето тоа е снимено а ќе биде емитувано вечер. Редоследот на гласање е според слободен избор на продуцентот на организацијата на Евросонгот. Овие гласови учествуваат со 50% во вкупниот збор гласови за секоја песна, останатите се додаваат според гласовите од телевоутингот.
Секое национално жири го чинат 5. музички професионалци кои ќе доделуваат по 12, 10, 8, 7, 6, 5, 4, 3, 2 и 1 поен за нивните 10. омилени песни.
До вечершното ГОЛЕМО ФИНАЛЕ во видеото подолу можете да ја проследите рекапитулацијата од 26. композии изведени на генералната проба.
Им посакуваме на Тамара нејзиниот тим и вечерва да се радуваат како во четвртокот!
Гласајте гордо за нашата претставничка Тамара Тодевска која ќе настапи под реден број 8!
Г.О.
Фото: Instagram