Почина новинарот Марјан Блажевски

Новинарот Марјан Блажевски по кратко и тешко боледување почина денеска во Скопје. Блажевски беше роден во 1968 година во Скопје, а најголемиот дел од својота новинарска кариера го помина во дневниот весник „Дневник“. По затворањето на „Дневник” работеше во порталот „Фактор”.

Ангажманот го почна во скопската рубрика, а потоа беше новинар во економската рубрика на која неколку наврати беше и уредник. Колегите новинари кои работеа со прерано починатиот Блажевски ќе го паметат како добар професионалец и колега, а читателите по неговите текстови на економски теми. Погребот е утре во 14 часот на Градските гробишта Бутел во Скопје.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Калиопи со концерти во Скопје и Битола

Македонска поп-рок ѕвезда Калиопи, ќе одржи ексклузивни концерти во Скопје, на 19 октомври, во „Арена …