(ФОТО) „Ѕвезда број 1“ – Аудициите продолжуваат, Елена Петреска запеа заедно со кандидатите

Аудициите за единственото музичко талент шоу кај нас „Ѕвезда број 1“, продолжуваат со полна пареа.

Изминатиот викенд екипата која работи на ова шоу, заедно со гостите од жирито, беа во посета на Охрид, Прилеп,  Битола и Тетово и слушнаа што имаат да понудат музичките таленти од овие градови.


Елена Петреска, Бане Поповиќ, Симона Попоска, Игор Узунов и Ѓоко Таневски имаа навистина тешка задача во изборот на најдобрите.


Неуморната пак Елена Петреска, од која што потекна целата иницијатива за ова талент шоу, поддржано од фестивалот „Мел фест“ и директорот Пеце Стојкоски, е навистина голема поддршка за кандидатите и идните македонски ѕвезди, па освен што не штеди убави зборови и коментари за оние кои навистина поседуваат музички талент, таа во неколку случаи го фати микрофонот и запеа со нив.


Сите интересни случувања може да ги гледате секој работен ден на програмата на „1 ТВ“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …