По трагедијата на семејството Мирчовски им помогнува цело Русиново: Поставени темелите а за три месеци ќе добијат нова куќа

Нова градба и нова среќа за Мирчовски од Русиново чија куќа пред пет дена целосно изгоре во пожар. Веќе денес, тамони жители, роднини и пријатели на семејството, се здружија и започнаа да градат нова куќа, информира ТВ СТАР.

„Денес почнавме да градиме. Се собраа роднини, соселани , пријатели, голема благодарност до сите“, кажа Александар Мирчовски.
Ова на 12-ет членосто семејство кое остана без покрив над глава, им ја враќа надежта и вербата во луѓето:
„Ова не може да се опише со зборови. Македонскиот народ е познат по својата хуманост, еве сега се докажа тоа уште еднаш“, рече Ѕвонко Мирчовски.
Темелите на новата куќа се поставуваат благодарение на донациите на сите хумани луѓе , како и на помошта од Општината:
“Градоначалникот прв излезе на терен, се обезбеди помош при расчистувањ на куќата, еве сега и околу градбата, а откако ќе се создадата законски услови, ќе се додели и парична помош“, кажа Билјана Каламадевска, соработник за односни со јавност во о. Берово.
Оекувањата се дека градежните работи ќе завршат за три месеци и Мирчовски повторно ќе имаат свој дом.


Извор: Тв Стар

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …