(ВИДЕО) Македонската серија доби и’ посебна ТВ емисија „На терапија – дискусија“

Македонската лиценцирана серија “На Терапија” успеа да собере и одржи своја публика во првите недели на емитување, па поради тоа Сител телевизија започнува со емитување на специјална емисија наречена “На терапија – дискусија”, која ќе се емитува секоја недела во 13.00 ч.


Целта на емисијата е да ги опфати случувањата во серијата, а воедно и да навлезе подлабоко во некои од дискусиите кои се дел од серијата.

Денешната тема на која разговараше водителот и уредникот Мургоски со пејачката Сара Мејс и водителката Елена Стојановска е „Дали бракот како институција е на крстосница помеѓу традиционалниот и современиот стил на живеење?“


#наТерапија Дискусија е01


Ви ја претставуваме првата #наТерапија Дискусија, која ќе се емитува секоја недела во 13.00 ч. на ТВ Сител, а потоа ќе биде споделена и на нашите онлајн профили.Целта на емисијата е да ги опфати случувањата во серијата На Терапија, а воедно и да навлезе подлабоко во некои од дискусиите кои се дел од серијата. Денешната тема на која разговараме со пејачката Sarah Mace и водителката Елена Стојановска е „Дали бракот како институција е на крстосница помеѓу традиционалниот и современиот стил на живеење?“

Posted by На Терапија on Sonntag, 1. Oktober 2017

Следете “На терапија”, од понеделник до петок во 22.30 часот на Сител

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …