Прогноза за цела зима: Оваа сезона температурите нема да бидат како претходната

Големиот минус на температурите кои не дочекаа минатата зима, не би требало да се повтори и во претстојната сезона.
Барем така прогнозираат меторолозите. Тие најавуваат дека оваа зима најниска температура ќе биде -6 степени и тоа на планините.
Според најавата на Националниот климатски центар оваа зима ќе биде блага.
Се очекува да има од 30. до 60. ладни денови во ниските предели, а на планините 60. до 80. дена.
Што се однесува до снегот, оваа зима не се знае точно кога може да очекуваме снег, но се најавува дека количината ќе биде просечна.
Се проценува дека ќе има од 32. до 40. дена со снег, додека на планините до 50. дена.
Судејќи по се’ оваа зима ќе биде една од најтоплите зими.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 21 година без нашиот истакнат актер Кирил Ќортошев

Кирил Ќортошев е роден во Ќустендил на 14 февруари 1922 година. Тој беше истакнат македонски …