(ВИДЕО+ФОТО) Погледнете го официјалниот трејлер на „Господ постои, името ѝ е Петрунија” и ексклузивни “Behind the scene” фотографии

На неколку дена пред светската премиера на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија”, Продукцијата „Сестри и Брат Митевски” го објави и официјалниот трејлер.

Истиот е изработен од страна на агентот за продажба „Пирамид” од Франција, кој е најсилниот во моментов и кој застанува зад филмови кои ја одбележуваат врвната европска кинематографија.


Линк за ембедирање на видео:

Инаку, филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” се снимаше 6 недели во Штип во текот на јануари и февруари 2018. Монтажата се одвиваше во Белгија, а звукот, лабараторијата и музиката во Белгија, Франција и Словенија.


Уживајте во неколку ексклузивни фотографии од „зад сцената” за време на снимањето на филмот, направени од страна на фотографот Сашо Н. Алушевски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …