(ВИДЕО) Мајка со дете во прегратка избркала крадци: Се слушнале истрели а сите зборуваат за нејзиниот храбар потег!

Во Пајнтаун, Јужноафричка република надзорните камери забележале неверојатен вооружен напад и обид за грабеж.
Во моментот кога три семејства се опуштале после дружењето пред една станбена зграда, пристигнал автомобил со крадци.
Едно од споменатите семејства веќе започнало со автомобил да излегува од дворот, но откако ги виделе крадците се вратиле и удриле во врата од гаражата.


Потоа крадците се обиделе да влезат во дворот, но храбра жена со дете во прегратка побрзала да ја затвори вратата. На помош и дошол еден маж, но крадците испукале неколку истрели во воздух и пред да се затвори вратата успеале да влезат во дворот.
Во тој момент мажот се фрлил на грб и повлекол, а еден крадец со автомобил влегол во дворот. Откако успеал да го земе телефонот крадците се повлекле.
Полицијата известила дека испукале вкупно шест истрели и поради тоа реакцијата на мајката во сиот метеж била неверојатна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Парови“ вечерва во Драмски

Вечерва, со почеок во 20:00 часот, во Драмскиот театар во Скопје, премиерно ќе биде изведена …