(ВИДЕО) Да помогнеме со нашите гласови за прво место на македонски филм:„Воени кучиња“ повторно во трка за прво место на интернационален натпревар

Македонски краток филм „Воени кучиња“, на режисерите Пеце Здравковски и Бојан Соклевски, повторно е дел од интернационален натпревар за краткометражни филмови, овој пат на натпреварот „Филм конверт“, и засега убедливо го држи првото место.
„Гласањето трае до 18 ноември, а секој глас е добредојден за да се задржи првото место. Наградите се во повеќе категории, а најпрестижна е „пиплс чоис“, за која и се бориме. Натпреварот е отворен за цел свет и има речиси над 700 учесници“, апелира Пеце до следбениците на филмот.

„Филм конверт“ е компанија што произведува софтвер за боење на видео, а поддржана е од повеќе поголеми компании, како „Панасоник“, „Блекмеџик“, „Роуд“, „Атомос“, „Сирп“ и други.


„Воени кучиња“ се снимаше во Битола, кај Музејот на авијацијата. Сценариото и режијата се на Пеце Здравковски и на Бојан Соклевски, а филмската екипа ја сочинуваат: Ѓорги Вацев, Игор Георгиоски, Ристо Алчинов, Христо Стојаноски, Кети Талевска, Христина Тренчевска, Филип Каранфиловски, Христијан и Ангела Српчански и Симона Јосифовска. Улогите ги играат: Алек Ѓорѓиески, Димитар Даневски, Елизабета Јованоска.
„Идејата со филмот беше да прикажеме дека кога кој било човек е пред избор меѓу материјалното и чесноста, секогаш ќе го одбере она што му е од директна корист, односно материјалното“, вели режисерот Пеце Здравковски.


Линкот на кој можете да гласате е ТУКА

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Парови“ вечерва во Драмски

Вечерва, со почеок во 20:00 часот, во Драмскиот театар во Скопје, премиерно ќе биде изведена …