Утре се празнува Преподобна Параскева-Петковден:За здравје и благосостојба испочитувајте го ова!

Во сабота се празнува Преподобна Параскева-Петковден. Во народот позната како света Петка.

Родена е кон крајот на деветиот или пак на почетокот на десетиот век во градот Епифат кој што се наоѓа помеѓу градот Силимвије и Цариград, на ден петок па и отаму доаѓа и нејзиното име Параскева што во превод од грчкиот јазик значи петок.
Денес е заслогот и во сите храмови во нејзина чест ќе се отслужи Божествена литургија, а кој се подготвувал може да се причести.
Ова е еден од празниците што нашиот народ најмногу ги прославува, а познат е и како
Петковден. Се празнува во секој крај.


Како куќна слава се подготвува лепче, пченица и црвено вино.
Оваа година трпезата треба да биде посна, за вечера. Но, утре е сабота и трпезата може да биде подготвена со млечни производи и месо.
Секаде има свои обичаи, но сите носат вино, лепче и пченица во црква.
Во народните верувања се вели дека на овој ден не се работат тешки рачни работи, посебно жените не треба да месат леб и да перат, зошто се верува дека ќе им трнат рацете цела


година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гостувањето на Катерина Бабкина една од најуспешните современи украински писателки

Артконект со задоволство го најавува гостувањето на Катерина Бабкина, една од најуспешните современи украински писателки, …