Традиционално на 19 септември, сите уживаме на изложба кај Боте

Просечен инстаграм корисник поминува 21 минута дневно на оваа популарна апликација која има околу 400 милиони корисници. А меѓу тие 400 милиони со свои 3193 фотографии со кои секојдневно ги одушевува своите следбеници е Слободанка Тренчева Боте, или #botovacha.


На добро позната локација, терасата на катната гаража Македонска Фаланга, на 19 септември од 21 часот, традицијата на убави фотографии и загарантирано добра забава продолжува.


Изложбите на Боте се одлично место за секој да дојде и преку нејзините фотографии да отпатува на најегзотичните места на планетава, да ги види најубавите зајдисонца, да биде дел од највозбудливите забави во светските метрополи.


За загревање на атмосферата се задолжени Ана Мало и Балоски, на кои како специјални гости ќе им се приклучат FutureofMatter, NON (Greece), а подиумот е достапен за сите посетители.

Пет е оцена на одлично, па затоа петтата по ред изложба на Боте е одлична можност вистински да се опуштите и уживате на овој несекојдневен настан.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …