Саманта Маркл, полусестра на војвотката Меган, би можела да ја направи, досега, најголемата срамота на кралското смеејство. Британските таблоиди пишуваат дека продуцентите на Celebrity Big Brother во Велика Британија одлучиле во шоуто да ја повикаат Саманта бидејќи е идеална кандидатка за новата сезона која ќе се бави со скандали.
Полусестрата на британската војвотка се здобила со светска слава „плукајќи“ по сестра си и изнесувајќи „валкани алишта“ од нејзиното минато. Веднаш откако врската помеѓу Хари и Меган биле обелоденета во јавност, Саманта почнала да „плука“ по сестра си, нарекувајќи ја спонзоруша кој не избира средства за да дојде до целта.
Наводно наскоро би требало да издаде и книга за Меган, која сигурно ќе изобилува со грди работи од минатото на Меган. Токму поради тоа таа била идеален кандидат за Celebrity Big Brother, за што ќе и понудат голема сума пари.
Саманта е болна од церебрална парализа и се движи со помош на инвалиска количка а финансиската ситуација не и е блескава, па никого нема да изненади ако наесен навистина и’ се појави во Celebrity Big Brother.