Кевин Спејси обвинет за сексуално злоставување на уште тројца мажи!

Холивудскиот глумец се нашол под истрага за сексуално злоставување на уште тројца мажи, што бројот на оние кои го обвинуват го зголемува на осум луѓе.
Трите нови пријавени инциденти се случиле во 1996., 2008. и 2013. година.
Веста за овие злоставувања се појавила во текот на интервјуто во кое глумецот Гај Пирс признал дека Спејси кон него се однесувал чудно.
„Со Кевин беше тешко на сетот. Тешко ми е да говорам за тоа. Тој е неверојатен глумец, но да, беше тешко со него“ открил Пирс додавајќи дека Спејси е многу снаодлива личност.
„Беше среќа што тогаш имав 29. години, а не 14.“ рекол Гај, пренесува Daily Mail.
Спејси кој веќе подолг период се држи подалеку од јавноста, на екранот ќе се појави барем уште еднаш во надоаѓачкиот филм „Billionaire Boys Club“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …