(ВИДЕО) Песната „Ѓурѓовден“ на „Бијело дугме“ крие ужасна приказна!


Еден од најголемите хитови на „Бијело дугме“, „Ѓурѓовден“ се чини како убава љубовна песна, но зад себе крие ужасна вистина.
Новинарот Вукашин Беатовиќ, како што со години се пишува по српските медиуми, тврди дека песната настанала во „возот на смртта“ кој патувал од Сараево до Јасеновац.
На 6. мај 1942. година, полицијата на НДХ им наредила на Србите да се подготват за „Ѓурѓовденско утро“. Бројни заробеници тој ден се однесени во „возот на смртта“ кој од Сараево требало да ги однесе во Јасеновац.


Во колоната имало 3.000 луѓе, а во вагоните наменети за „седум коњи или 40. инна војници“ биле сместувани и по 200. луѓе. Во големиот метеж се нашол и еден човек, наводен член на сараевска „Слога“ кој во тој момент запеал:”Proljeće na moje rame slijeće, đurđevak zeleni, svima osim meni – Đurđevdan je”.
Според достапните сведочења, усташите поради песната „Ѓурѓовден“ ги затвориле вратите на вагоните, а затворениците останале без воздух на малечкиот простор збиени еден до друг.
Од три илјади луѓе кои тргнале од Сараево, во Јасеновац пристигнале две илјади, а околу двестотини преживеале невидена тортура…
Беатовиќ во своите пишувања наведува дека оваа приказна ја потврдуваат

сведоци кои го преживеале Јасеновац.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Димиш одржа промоција на неговата нова песна и видео запис за „Срце и мозок“

Веќе одлично етаблираниот на македонската рок сцена Димиш одржа промоција во „Лабораториум“ за неговата најнова …